Elite Hunter

БЕСПЛАТНА достава за сите нарачки

screencapture-canva-design-DAF3W-CN93U-VXYeV8IqJaNkjc6VQ-Ka5Q-edit-2024-01-14-13_49_27-modified (1)
ден MKD
  • € EUR

Правила и услови

Со општите услови се пропишуваат правилата за користење на апликацијата „elitehunter.mk“ (понатаму: апликацијата) од страна на корисниците. Со користењето на оваа апликација,корисниците изјавуваат дека се согласуваат со изнесените услови и правила.

ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ
elitehunter.mk го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени кој било од наведените Услови за користење. Затоа, корисниците се должни одвреме-навреме да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење, за да бидат информирани за евентуалните измени и дополнувања. Доколку дојде до измена на Условите за користење и корисникот продолжи да ја користи „elitehunter.mk“ се подразбира дека ги прифаќа Условите за користење што се важечки во моментот.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Корисникот е согласен дека користењето на оваа апликација е исклучиво на негова одговорност. elitehunter.mk не гарантира дека користењето на оваа апликација нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки; elitehunter.mk не гарантира за последиците што можат да настанат со користењето на оваа апликација.

Корисникот се согласува дека администраторот на оваа апликација, не е одговорен за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата што може да настане како последица на наведеното, во целост паѓа на корисникот. Во ниту еден случај администраторот на апликацијата нема да биде одговорен за каква било штета што може да настане како последица од користењето или неможноста за користење на апликацијата.

Корисникот јасно и директно потврдува дека овие одредби се однесуваат на целокупната содржина на апликацијата.

Доколку администраторот забележи лажни профили или какво било друго однесување кое упатува на злоупотреба од секаков вид при користење на апликацијата, заради стекнување определена корист, таквиот корисник веднаш ќе биде дискфалификуван и нема да има право на понатамошно користење на апликацијата.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Заштитата на податоците ја разбираме сериозно и преземаме мерки на претпазливост за да ги заштитиме личните податоци на корисниците во согласност со позитивната законска регулатива. Согласно Законот за заштита на лични податоци со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација.

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ
Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа апликација, од него ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да ја користи оваа апликација.

ЗАМЕНА И ВРАЌАЊЕ НА НАРАЧКИ
Производите се јасно и недвосмислено претставени. Можна е замена за друга големина. Не е можно рефундирање на средства. Можно е враќање на производ само доколку е испратен погрешен продизвод од наша страна, тогаш средствата ќе бидат вратени и доставата е на наш трошок.

ПРОИЗВОДИ И ДОСТАВА
Курирската служба ги доставува нарачаните производи во рок од 1 – 12 работни денови. Во пакетот се доставуваат фактурата и другите придружни документи, а плаќањето се врши во готово при подигање на пратката од курирската служба.

Опис, карактеристики, продажна цена, како и информации за продавачот се прикажани до сликата на секој производ.

Доколку испорачаниот производ не се совпаѓа со описот, потрошувачот може да поднесе жалба.

Сите цени се изразени во денари или евра.

Цените на производите прикажани на страницата се конечни и вклучуваат ДДВ. Трошоците за испорака не се вклучени во цената доколку сумата на нарачката е под 6000 денари, туку дополнително се наплаќаат на потрошувачот во моментот на испорака и зависат од тежината на пратката (најчесто изнесува 150 денари)

ИЗЈАВА ЗА ОДРЕКУВАЊЕ
Информациите на нашата страница, како што се материјалите, вклучително, но не ограничувајќи се на блогови и вести, се обезбедуваат бесплатно и се само за информативни цели. Иако информациите се дадени со добра волја и со напор да бидат прецизни и точни, тие не претставуваат никаков правен или професионален совет.

Ние не сносиме никаква одговорност за каква било загуба или штета што настанала во врска со употребата на информации, материјали и/или мислења на нашата страница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • какви било загуби или штети кои не се предизвикани од нашето прекршување;
  • деловни загуби, загуби во добивката; загуба на податоци; загуби во производството; губење на комерцијални или деловни можности; заштеди или попусти;
  • индиректни, последователни или посебни загуби или штети, вклучително и какви било загуби или штети што биле предвидливи во моментот на усвојување на овие Општи услови;
  • каква било загуба или штета предизвикана на вашите компјутерски програми, платформа или податоци, кои настанале во врска со користењето на нашата страница.

ЗАШТИТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Освен ако не е поинаку наведено во овие Општи правила и услови, сите материјали на нашата страница (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на блогови и вести) се заштитени со права на интелектуална сопственост.

Секое неовластено користење на материјали на страницата и/или дел од нив, без наша дозвола, претставува повреда на правата на интелектуална сопственост. Ќе ги преземеме сите законски мерки за заштита на нашите права, веднаш штом дознаеме за каква било неовластена употреба.

Секое копирање или преземање на материјал од страницата, делумно или целосно, е дозволено само со наша писмена согласност.

Исто така, ги задржуваме сите права на интелектуална сопственост за материјали на страницата кои не се изрично споменати во Општите услови.

Сепак, дозволено е објавување материјали од страницата на социјалните мрежи, преку истите, и обезбедување на видлив изворот, бидејќи исто така е дозволено посетителите на страницата да преземаат материјали од страницата за лични и некомерцијални цели. .

Користење на нашето име и лого
Употребата на нашето лого или деловно име не е дозволено, освен во согласност со овие Општи услови и правила.

Кошница затвори