Elite Hunter

БЕСПЛАТНА достава за сите нарачки

screencapture-canva-design-DAF3W-CN93U-VXYeV8IqJaNkjc6VQ-Ka5Q-edit-2024-01-14-13_49_27-modified (1)
ден MKD
  • € EUR

Труење на дивечот

Интензивната употреба на пестициди и други отрови во земјоделството за уништување на плевелите и глодарите е еден од факторите за намалување на популацијата на одгледуваните видови дивеч, особено младенчињата, кои често умираат кога ќе дојдат во контакт со храна и вода со отрови.

Со овие факти ловците се среќаваат при посетата на ловиштата, бидејќи секоја година имаме се повеќе масовни труења на дивеч во ловиштата од отрови кои се користат на непропишан начин. Во областите каде што земјоделското производство е поинтензивно со употреба на пестициди и други отрови, забележливо е губење на култивираните видови дивеч и миграција на дивечот во подрачја каде што има поголеми површини кои не се обработуваат, напуштени површини каде што наоѓаат поповолни услови за живееење.

Сериозен еколошки проблем е проблемот со пластичната амбалажа од отров, кој за жал многу често се среќава во ловиштата крај речните текови каде што секако не припаѓаат.

Законот и прописите прецизно пропишуваат каде и како се чува овој вид амбалажа, но за жал често се среќава во ловиштата.

Кошница затвори