Големата употреба на пестициди и хербициди во земјоделското производство доведува до нагло влошување на условите за живот во ловиштата за дивите животни, особено за младенчињата, каде што има забележителни загуби на сите одгледувани видови дивеч.
Еден од загрозените видови е полската еребица поради употребата на хемиски средства за уништување на штетни инсекти и плевел на земјоделските полиња, исхраната на овој вид дивеч е директно загрозена, бидејќи јаде отровна храна.
Во ловиштата населени со полски еребици потребна е едукација на фармерите и субвенционирање на органското производство и стручни совети за намалување на овој проблем. Добро би било да се одреди кои култури треба да се посеат во одредени области каде што се живеалиштата на полската еребица и со тоа да помогне во одгледувањето на овој вид.
Полската еребица е корисна за земјоделството бидејќи во текот на годината јаде голем број штетни инсекти и разни плевели. Затоа е неопходно да се ангажираат повеќе земјоделски и ловечки работници на терен за едукација на земјоделците, бидејќи со таква работа можеме да ја спасиме полската еребица во ловиштата во најголем можен број.